• сабота, 23 ноември 2024

МАН: Законот за рестриктивни мерки може да биде решение за високата корупција

МАН:  Законот за рестриктивни мерки може да биде решение за високата корупција

17 јануари 2024 

Македонската асоцијација на новинари (МАН) со внимание го прочита Законот за
рестриктивни мерки кој владата во работна верзија начелно го одобрила на последната седница и со кој, според МАН, се насетува можност за сериозна борба против корупцијата, пред се високата корупција генерирана од или со учество на политички функционери.

Законот предвидува потемелни истраги и посериозни казни за корупцијата, за учесниците во корупцијата, како и за одземањето имот стекнат со корупција.

МАН смета дека корупцијата е најголем проблем во Македонија и дека оваа намера со
ваков Закон може да даде придонес во борбата против корупцијата, особено ако крајната верзија на законот се формира во соработка со правните експерти, кои имаат
долгогодишно искуство во правосудството и правните науки.

Со ова, би се обезбедила поголема јавна поддршка и доверба за спроведување на овој закон, како решавање на повеќе критични точки од законот со кои сегашниот текст има судир со други закони (КЗ и ЗКП) .

Останува да се види завршната верзија на овој закон по консултација со експертите, а потоа може да се очекува битно влијание врз намалување на корупцијата.

Новинарите и како професионалци, и како граѓани се соочуваат и трпат последици од
корупцијата секојдневно, а можат да имаат влијание на нејзиното намалување, доколку борбата против корупција е водена со стручна и правно издржана постапка.

Во таков случај од новинарите може да се очекува поддршка.

Поддршката во јавноста од страна на медиумите во борбата против корупцијата е еден од клучните фактори за успешност на постапката и за враќање на авторитетот во правосудниот систем.


Македонска асоцијација на новинари (МАН)

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

фото: МИА архива

Остани поврзан