• недела, 12 мај 2024

Манчини: Не е лесно да се стигне до завршница на турнри со подмладена репрезентација

Манчини: Не е лесно да се стигне до завршница на турнри со подмладена репрезентација

Рим, 17 јуни 2023 (МИА) - Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини ги искажа своите впечатоци од настапот во Лигата на нации.

 

- Младите играчи играа во ова квалификациско коло од Лигата на нации. Новиот пат на репрезентацијата е веќе започнат, бидејќи не е лесно да се стигне до завршната фаза од Лигата на нации со група млади играчи. По втор пат стигнавме до оваа фаза на турнирот, каде играат најдобрите тимови, го цитира Манчини „Фудбал Италија“.

 

Во полуфиналето на Лигата на нации, селекцијата на Италија загуби од Шпанија (1:2). Избраниците на Манчини во мечот за третото место ќе се сретнат со Холандија. Натпреварот ќе се одигра утре од 15 часот.

 

Во финалето ќе се соочат Хрватска и Шпанија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан