• четврток, 21 ноември 2024

Манчестер Јунајтед ќе му плати 20 милиони фунти на отпуштениот Тен Хаг

Манчестер Јунајтед ќе му плати 20 милиони фунти на отпуштениот Тен Хаг

Манчестер, 28 октомври 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед ќе му плати 20 милиони фунти на тренерот Ерик Тен Хаг за предвремено раскинување на неговиот договор, пренесе „Атлетик“.

Во летото 2024 година клубот го продолжи договорот со холандскиот стручњак до 2026 година, но денеска клубот објави дека го ослободува од неговите обврски.

Манчестер Јунајтед има само 11 бодови, тимот е на 14. место во англиската Премиер лига.

Тен Хаг беше на чело на Манчестер Јунајтед од летото 2022. Под негово водство тимот одигра 128 натпревари, запиша 72 победи, 20 пати ремизираше и загуби 36.

Со Манчестер Јунајтед, Холанѓанецот еднаш го освои ФА Купот (2023/24) и Лига Купот (2022/23). Во сезоната 2022/23, тимот заврши трет во Премиер лигата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан