• петок, 05 декември 2025

Енрике: Ботафого е еден од најдобрите тимови со кои сме играле

Енрике: Ботафого е еден од најдобрите тимови со кои сме играле

 

Пасадена, 20 јуни 2025 (МИА) – Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го коментираше поразот на актуелниот европски првак од Ботафого со 0:1 во второто коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

„На почетокот од натпреварот тешко доаѓавме до шанси за гол. Тие постигнаа малку чуден гол. Но, тие беа добри, одиграа многу добар натпревар и ни создадоа многу проблеми. Можеби тие се еден од најдобрите тимови против кои сме играле оваа сезона“, рече Енрике по натпреварот.

Пред последното коло од групната фаза, Ботафого е лидер на табелата во групата Б со шест бодови, а ПСЖ е втор со три бодови.

Во 3. коло, Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ ќе игра против Сиетл. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан