Манчестер јунајтед се засили со Маунт
- Манчестер јунајтед денес го објави трансферот на играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт.

Манчестер, 5 јули 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед денес го објави трансферот на играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт.
Претходно беше објавено дека 24-годишниот Англичанец ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ според шемата 5+1.
Маунт потекнува од младинската школа на Челзи. За „Сините“ од Лонодн забележа 195 настапи, постигна 33 гола и 37 асистенции.
Во сезоната 2022/23, играчот од средниот ред постигна три гола и шест асистенции на 35 натпревари за тимот. зс/
Фото: ЕПА