Манчестер јунајтед нема победа на три натпревари во низа
- Манчестер јунајтед веќе три натпревари не може да победи.

Манчестер, 29 септември 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед веќе три натпревари не може да победи.
Избраниците на Ерик тен Хег денеска беа поразени на домашен терен од Тотенхем во 6. коло од Премиер лигата - 0:3.
Последен пат тимот од „Олд Трафорд“ победи на 17 септември – против Барнсли (7:0) во Лига купот. Потоа ремизираа двапати и претрпеа еден пораз.
Тимот има само три победи во девет натпревари оваа сезона.
На 3 октомври Манчестер јунајтед гостува кај Порто во Лига Европа. зс/
Фото: ЕПА