Манчестер Јунајтед го официјализираше третото заислување за ова лето
- Со задоволство објавуваме дека клубот постигна договор со Ајакс за трансферот на аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез, кој е предмет на медицински проверки, до финализирање на условите
Манчестер, 17 јули 2022 (МИА) - Манчестер Јунајтед го официјализираше третото засилување за ова лето. Клубот објави дека Лисандро Мартинез е и официјално дел од тимот на „Црвените ѓаволи“.
- Со задоволство објавуваме дека клубот постигна договор со Ајакс за трансферот на аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез, кој е предмет на медицински проверки, до финализирање на условите и барањата за виза во Велика Британија, стои во соопштението од клубот.
Мартинез е третото засилување на Манчестер Јунајтед, откако на тимот се приклучија Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен.
Изминатата сезона, Мартинез одигра 36 натпревари за „Ајакс“, помагајќи му на тимот да стане шампион.
За клубот од Амстердам тој има одиграно вкупно 118 натпревари од 2019 година. ар/бк/