• вторник, 27 јануари 2026

Манчестер јунајтед без Доргу 10 недели

Манчестер јунајтед без Доргу 10 недели

Манчестер, 27 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Патрик Доргу, ќе биде надвор од терените подолго време поради повреда.

Според „The Athletic“, лекарскиот преглед открил повреда на тетивата, што ќе предизвика отсуство од тренинзи и натпревари приближно 10 недели.

Дваесет и едногодишниот Данец повредата ја заработи во победата (3:2) над Арсенал во неделата во 23. коло од Премиер лигата, натпревар во кој постигна гол.

Доргу одигра 24 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и исто толку асистенции. зс/

Фото: ДПА

Остани поврзан