• петок, 27 декември 2024

Манчестер Сити ќе вложи 300 милиони фунти во проширување на стадионот

Манчестер Сити ќе вложи 300 милиони фунти во проширување на стадионот

Манчестер, 18 април 2023 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер сити планира да го прошири својот стадион „Етихад“ за околу 7.000 седишта во инвестиција вредна 300 милиони фунти.

Клубот до Градскиот совет на Манчестер го достави проектот за проширување на „Етихад“ од 53.400 на 60.000 седишта и доколку градежните работи завршат ќе го има третиот најголем стадион во Премиер лигата, по градскиот ривал Манчестер јунајтед (74.310) и Тотенхем (62.850).

Раководството на Манчестер сити наведе дека планира проширување на северната трибина и отворање нови клупски продавници, музеј, кафетерии и хотел со капацитет од 400 легла.

Проценките се дека градежните работи ќе траат околу три години. ег/рп/

Фото: Твитер

Остани поврзан