• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер сити прв фаворит за титулата во Лигата на шампиони

Манчестер сити прв фаворит за титулата во Лигата на шампиони

 

Лондон, 12 септември 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски првак Манчестер Сити е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, според прогнозата на суперкомпјутерот на Опта.

Суперкомпјутерот на Опта врз основа на различни статистички параметри предвидува дека шансите на Сити за освојување на титулата се 25,3 проценти.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид е на второто место со коефициент 18,2 проценти, додека Интер е трет со 10,9 проценти.

Во редизајнираната Лига на шампиони оваа сезона ќе учествуваат 36 клубови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан