Манчестер Сити потпиша со Рајан Аит-Нури
- Рајан Аит-Нури му се придружи на Манчестер Сити со петгодишен договор откако го комплетираше трансферот вреден околу 45 милиони евра од Вулверхемптон Вондерерс, објавија медиумите на Островот. 24-годишниот алжирски дефанзивец имаше само уште една година од договорот со Вулверхемптон.
Манчестер, 9 јуни 2025 (МИА) - Рајан Аит-Нури му се придружи на Манчестер Сити со петгодишен договор откако го комплетираше трансферот вреден околу 45 милиони евра од Вулверхемптон Вондерерс, објавија медиумите на Островот. 24-годишниот алжирски дефанзивец имаше само уште една година од договорот со Вулверхемптон.
Аит-Нури им се придружи на Вулверхемптон како позајмен играч од Анже во 2020 година и го направи трансферот траен следната година. Тој помина пет сезони во клубот, забележувајќи 157 настапи и постигнувајќи 12 гола. Неговото заминување значи дека Вулверхемптон губи втор клучен играч откако го продаде бразилскиот играч од средниот ред Матеус Куња на Манчестер Јунајтед.
Сити заврши трет во Премиер лигата минатата сезона и ќе игра во Лигата на шампионите. дс
Фото: Принтскрин