• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер сити започна преговори за трансфер на Донарума

Манчестер сити започна преговори за трансфер на Донарума

Манчестер, 20 август 2025 (МИА) - Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објавија британските медиуми.

„Граѓаните“ започнале преговори за трансферот на 26-годишниот Италијанец. 

Според новинарот Алфредо Педула, парижаните можат да добијат 23-25 милиони евра за голманот, што е околу половина од она што клубот првично го побарал.

Во сезоната 2024/25, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари во сите натпреварувања, при што 17 натпревари ја зачува мрежата чиста.

Актуелниот договор на голманот со ПСЖ е со важност до 30 јуни 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан