• петок, 05 декември 2025

Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

Манчестер, 2 септември 2025 (МИА) – Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, стана играч на Манчестер сити, објави прес-службата на „Граѓаните“.

Дваесет и шестгодишниот Донарума потпиша договор за пет сезони, до 2030 година.

Претходно Донарума бранеше за ПСЖ од 2021 година. Одигра 161 натпревар, прими 156 гола и 56 пати не прими гол. 

Како дел од Парижаните, голманот стана четирикратен шампион на Франција, двапати го освои Купот на Франција и три пати Суперкупот. Минатата сезона, тимот ја освои Лигата на шампионите. зс/

Фото: ФК Манчестер сити

Остани поврзан