• четврток, 27 јуни 2024

Манфред Вебер реизбран за претседател на ЕПП

Манфред Вебер реизбран за претседател на ЕПП

Брисел, 19 јуни 2024 (МИА) - Актуелниот претседател на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повторно по четврти пат е избран за лидер на најголемата политичка групација во Европскиот парламент.

Огромно мнозинство од членовите на ЕПП гласаа за Вебер, германски политичар од Христијанско-социјалната унија од Баварија, кој ја води ЕПП од 2014 година, се вели во соопштението на таа политичка групација.

Вебер на својот профил на социјалната мрежа Х рече дека е почестен од поддршката што ја добил да биде реизбран за претседател на ЕПП. зш/

Остани поврзан