• четврток, 27 јуни 2024

Украина во текот на ноќта соборила 23 беспилотни летала и пет проектили истрелани од Русија

Украина во текот на ноќта соборила 23 беспилотни летала и пет проектили истрелани од Русија

Киев, 27 јуни 2024 (МИА) - Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ги собориле сите 23 беспилотни летала и пет од шест проектили истрелани врз Украина од Русија во текот на ноќта.

Регионалниот гувернер на украинската област Хмелницки, Сергиј Тјурин, изјави дека системите за противвоздушна одбрана собориле девет воздушни објекти над неговиот регион.

- Локалните власти немаат информации за жртви или материјална штета, рече Тјурин.

Гувернерот на Николаевската област Виталиј Ким изјави дека украинските сили уништиле шест беспилотни летала и три крстаречки ракети над Николаевската област.

Две беспилотни летала беа соборени над Херсонската област и едно над Днепропетровската област, соопштија украинските власти. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан