• недела, 22 декември 2024

Манолева: Форумот на жени на СДСМ даде придонес во подигнување на свеста во борбата против ракот

Манолева: Форумот на жени на СДСМ даде придонес во подигнување на свеста во борбата против ракот

19 октомври 2023 

Почитувани,

Најпрво дозволете ми да им се заблагодарам на сите овие жени кои со навидум мал гест, а сепак толку значаен го даваат својот придонес за подигнување на свеста за борбата против рак на дојка, организиран од Форумот на жени на СДСМ.

Годинешниот интернационелен слоган е "Розеви заедно, посилни засекогаш!".

И не случајно денеска овој хуманитарен настан по повод месецот за подигнување на свеста кај жените во борбата против ракот на дојка, го одбележуваме тука, во Паркот Жена борец! Парк којшто е обележје на континуираната борба на нас жените во општеството.

Жените кои се соочиле со оваа сериозна болест и кои го поминале патот кој не е розев, велат дека за нив постојат два живота. Едниот пред да влезат во оваа тешка борба, другиот откако ќе излезат од таа борба како победници. И сите се согласни во едно -  во вториот живот се посилни од било кога!

Нема мал чекор во оваа борба. Секоја една активност е важна, секоја еден кој се бори да ја подигне свеста за превенција на ракот на дојка е важен!

Денеска, тука, поделивме флаери со едукативна содржина, алармирајќи на потребата од редовни прегледи, контроли, но и самопреглед. Знаците не смее да се игнорираат и не смее да се чека. Прегледот е многу важен. Контролите се  многу важни.

Во кутии за донации се собираа средства кои ќе се искористат за хуманитарни цели, зошто во оваа борба потребни се хуманоста и солидарноста.

Почитувани граѓани,

Преземени се низа чекори за рана детекција и навремена детекција на канцерот на дојка.

Владата предводена од СДСМ ја започна примената на нови и ажурирани протоколи и патеки согласно потребите и клиничката слика за третман на жените со карцином на дојка.  Со цел пак на навремена дијагностика и рано откривање на ракот на дојка продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка која сега ги поместува долните возрасни граници на жените од 50 на 45 години но и жените на возраст од 40 до 44 години коишто имаат фамилијарна анамнеза за постоење на карцином на дојка во семејството можат да се пријават за скрининг мамографија.

Фокусот е исто така ставен на зајакнување со најсовремена и најсофистицирана опрема на јавните здравствени установи.

Почитувани,


Розевата боја не е само боја која ја отсликува жената. Розевата боја е и боја на надеж, боја на победа врз оваа за жал честа болест. Розевата боја е заедничка на сите дијагностицирани со рак на дојка и оттука е боја на подадена рака, поддршка и најважно, тоа е боја на информираност, едукација, апел и доказ дека ракот на дојка може да се победи.

Изјава за медиуми на Маја Манолева, членка на Форум на жени на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан