• сабота, 21 декември 2024

Манолева: Почнати се постапките за трајно вработување на 1117 лица во јавното здравство

Манолева: Почнати се постапките за трајно вработување на 1117 лица во јавното здравство

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Процедурата за започнување на постапката за вработување на 1117 лица кои работат со договори на дело во јавните здравствени установи е започната и е во тек, изјави заменик министреката за здравство Маја Манолева.

-За дел од јавните здравствени установи веќе се добиваат согласностите, и треба да почнат постапките. Постапките ќе започнат, и да се  распишат изборите, таа постапка не престанува туку се става во мирување и продолжува по официјалното завршување на изборите. Согласностите кои ќе ги добијат ЈЗУ-и во однос на овие 1117 лица кои што се одобрени, практично ќе важат до крајот на годината и ќе можат да се реализираат во текот на целата година, рече Манолева одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Фондот за здавство.

Владата на крајот од 2023 година одлучи да одобри вработувања за 1 117 здравствени работници, што ќе одат преку јавни огласи кои ќе треба да ги распишат самите здравствени установи. Со тоа се очекува конечно решавање на работниот статус на здравствените работници кои со години работеа со договор на дело во болниците низ земјава без здравствено и пензиско осигурување. вг/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан