• четврток, 27 јуни 2024

Манифестација „Денови на Холандија“

Манифестација „Денови на Холандија“

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - На главниот влез пред трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ денеска ќе биде отворена манифестацијата „Денови на Холандија“. Организатори се Амбасадата на Кралството Холандија, „European plants“ и „Ист Гејт Мол“. 

На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, претставници на Холандската амбасада, извршниот директор на „Ист Гејт Мол“ Игор Давков и претставници на трговскиот центар.

Ќе биде одбележана и триесетгодишнината од дипломатските односи помеѓу Холандија и Северна Македонија. 

Во рамки на манифестацијата до 30 април ќе се слави културата и богатата традиција на Холадија. Посетителите на 22 и 23 април ќе имаат можност да ги дегустираат и пронајдат најубавите холандски деликатеси. мд/лв/

Фото: „Ист Гејт Мол“

Остани поврзан