• петок, 05 декември 2025

Манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден“

Манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден“

Скопје, 11 јуни 2025 

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Според програмата се одиграа финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ ,,Илинден”, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава.

На натпреварите во атлетика на 60 метри во женска категодија 1 место освои Јована Костова од ООУ „Гоце Делчев“, 2 место Клементина Бојковска од ООУ „Браќа Миладиновци“ и 3 место Бојана Стојчевска од ООУ „Браќа Миладиновци“, додека во машка категодија 1 место освои Матео Симоновски од ООУ „Ристо Крле“ 2 место Марко Тодевски од ООУ „Гоце Делчев“ и трето место за Дамјан Трајковски од ООУ „Браќа Миладиновци“.

На атлетската трка на 200 метри во женска категодија 1 место освои Емилија Ивкович од ООУ „Ристо Крле“, 2 место Ева Станчевска од ООУ „Браќа Миладиновци“ и 3 место за Андреа Велковска од ООУ „Ристо Крле“, додека во машка категодија 1 место освои Горазд Димитриевски од ООУ „Браќа Миладиновци, 2 место за Лука Павловиќ од ООУ „Гоце Делчев“ и 3 место за Димитар Ангеловски од ООУ „Гоце Делчев“.

На финалните натпревари во футсал во машка категорија прво место освои екипата на ООУ„Гоце Делчев“ а второ место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“, во женска категодија прво место освои екипата од ООУ „Браќа Миладиновци“ а второ место ООУ „Ристо Крле“.

Во ракомет машки првото место го освои екипата од ООУ ,,Ристо Крле” а второ место за ООУ ,,Гоце Делчев”, а во ракомет женски прво место за ООУ ,,Гоце Делчев” а второ место за ООУ ,,Ристо Крле”.

Во одбојка категорија машки, прво место за ООУ ,,Ристо Крле“ а второ место за ООУ ,,Браќа Миладиновци”, трето место ООУ „Гоце Делчев“ додека во категорија женски прво место за ООУ ,,Браќа Миладиновци” второ место ООУ ,,Гоце Делчев”.

Во БАСКЕТ СОСУ ИЛИНДЕН првото место го освои класот од III 1 година, второ место за класот од II 2 и третото место класот од II2.

На спортската манифестација се одржаа и елементарни штафетни игри учествуваа учениците од одделенска настава од трите општински основни училишта. На оваа манифестација учествуваа вкупно 400 ученици.

На сите натпревари беше присутен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој на најдобрите екипи им додели пехари. Градоначалникот истакна дека одржувањето на спортските настани во општина Илинден е со цел да се поттикнат младите на поздрав начин на живот.

 

Општина Илинден

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Илинден 

 

 

Остани поврзан