Манасиевски: Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, местото каде функционирале убијците сега е кафич на другар на Апасиев
- СООПШТЕНИЕ - Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо. Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица. Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле - Павилјон 36.
Скопје, 27 април 2025
Интегрален текст од прес - конференција
Говорник: Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо.
Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица.
Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле - Павилјон 36.
Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела.
Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица.
Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани. Тоа што го лажеа сопственото членство со висок морал и скромност се испостави како најголема лага.
ОДГОВОР НА НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ
Манасиевски: Филипче се гордее со неговиот претходник и ја следи попустливата политика на Заев кон Бугарија
Прашање: Ваш коментар за ставовите на Венко Филипче во врска со Зоран Заев?
Одговор: Венко Филипче призна две работи.
Првата, е дека единствената работа со која се гордее е Зоран Заев.
Втората, дека до најмал милиметар ја следи политиката на Заев за попустливост спрема Бугарија.
Затоа Венко Филипче половина од граѓаните не го препознаваат за лидер на опозицијата.
Затоа СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото и видео: ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.