Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
- Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 15 ноември 2025 (МИА) - Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка.
Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДС. Тој избира кандидат кој ги загуби локалните избори, но истовремено е близок до него и до неговиот ментор Заев.
Јавноста добро ги памети нивните летувања на скапите грчки плажи, уживајќи во ултра луксузната јахта на Заев. Со ова, се докажува дека ова трио не го интересира народот, туку луксузот.
СДС со истите луѓе како Заев, Ковачевски и Филипче, продолжува да тоне во бездната. И наместо да се реформира и да се освежи, тие ставаат повторно кадри кои се продолжеток на Зоран Заев.
Реформите во СДС ќе дојдат само доколку Филипче си замине од партијата.
Манасиевски: Ако во правосудството проблемот е до платите, премиерот најави дека ќе има зголемување, но мора да има одговорност за секој потрошен денар
Прашање: Како го коментирате ставот на претставниците од правосудството?
Одговор: Чест на исклучоци, но добар дел од судството и обвинителството ги интересира само зголемување на платите. Зошто толку бурно не реагираат на тоа што не одговараат на задачите кои ги имаат?
Или пак зошто вака не реагираат за оние пријави што им стојат во фиока и со години не решаваат по истите? Ако проблемот е до платите, претседателот на Владата, Мицкоски најави дека ќе има зголемување во ставката за судиите и обвинителите во буџетот, и секако дека тие независно ќе си ги раководат парите.
Но да напоменеме, мора да има одговорност за секој потрошен денар. Исто така, ако продолжат по истиот овој терк и граѓаните чекаат 5 можеби и некогаш 10 години за решавање на некаков случај во судството, ние не сме ја постигнале целта. Така да мораат да си ги засукаат ракавите и ја имаат поддршката од народот за истото.
Линк од видео материјал:
https://www.swisstransfer.com/d/7b503b1a-defa-4109-b6f3-28d5c4cfae1c
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ