• сабота, 06 декември 2025

Манасиевски: Кога Филипче вели дека треба да се учи од Заев, дали мисли на давањето бизниси на свои роднини? 

Манасиевски: Кога Филипче вели дека треба да се учи од Заев, дали мисли на давањето бизниси на свои роднини? 

Скопје, 3 мај 2025

Кога Филипче вели дека треба да се учи од Заев, дали мисли на давањето на бизниси на свои роднини?

Кога Венко Филипче вели дека народот треба да учи од Заев и дека нема друг како него, треба да каже дали мисли на давањето на лиценци за производство на марихуана на свои братучеди?

Дали Венко Филипче учи од Заев како да дава бизниси со дрога на свои блиски роднини?

Зоран Заев даде неколку лиценци за производство на марихуана на свои блиски луѓе. Производството на марихуана го направија куќен бизнис.

Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

Има ли Венко Филипче план да биде ист како Заев и дали за тоа е неговата политичка борба?

Добро е што Венко Филипче призна се, и јасно кажа дека се огледува и дека го следи примерот на Зоран Заев, за никој да нема дилеми какви политики би преземал.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан