• четврток, 26 март 2026

Манасиевски: Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари

Манасиевски: Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари

15 септември 2025 

Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и Мециновиќ кои се претставуваат за скромни и чесни луѓе пред граѓаните, се само обични лицемери и луѓе кои свртеле милионски суми во своите џебови од сопствената партија, се наведува во соопштението од прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Лицемерието во Левица е огромно. Говорат дека се работничка партија и молат за донации, за потоа од истите луѓе кои им ги донираат овие средства, истите да си ги поделат 2-3 од врвот на Левица.

Но, тоа не на зачудува од вакво тип на лицемерни и дволични политичари, кои денес зборат и прават едно, утре друго.

Вакви луѓе кои немаат визија, немаат идеа, и немаат ниту едно решение за ниту еден проблем, туку знаат само да лажат и манипулираат во јавноста, се прочитани од народот.

Апасиев, Мециновиќ и Левица се демаскирани.

Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?v=hmN0q2rIJDg

https://www.swisstransfer.com/d/50d55c36-b421-4b81-a8cc-0c427710c93f

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан