Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза
- СООПШТЕНИЕ - Молкот на Филипче е громогласен, а веќе 3 месеци се крие и бега од одговор за тоа од каде му е на него, златна виза за Дубаи?
Скопје, 12 мај 2025
Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?
Молкот на Филипче е громогласен, а веќе 3 месеци се крие и бега од одговор за тоа од каде му е на него, златна виза за Дубаи?
Филипче во својот живот има работено како лекар, министер, пратеник, а со тие примања, тешко се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.
Оттука се поставува прашањето, од каде му пари на Филипче за инвестиции во Дубаи? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50катница во Дубаи? Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? Или можеби ги чувал од мекици и родендени?
Почитувани,
Исмевање на интелигенцијата на народот, Филипче мисли дека ќе му пројде. Но, граѓаните и те како ги имаат прочитано и Филипче и СДС. Затоа, Филипче е со рејтинг рамен на статистичка грешка.
Филипче и Заев изминативе години ја срозија државата, ја донесоа пред банкрот, а сега со украдените пари, градат ли 50катница во Дубаи?
Филипче и Заев се срам за Македонија. Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=XseYMXQLhSQ
https://limewire.com/d/CytW4#cKnzSKcJZ5
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки