• четврток, 18 декември 2025

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Скопје, 10 мај 2025

Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница. Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината на оваа. Да го проследиме тоа видео.

Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи. Да ја погледнеме и таа негова изјава. 

Почитувани,

Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго. Но, најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:

-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда? 

-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер? 

-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано? 

-Дали тука станува збор за бизнис? 

-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?

Почитувани,

Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше?

Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена. 

Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев.

Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција.

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан