• четврток, 20 март 2025

Мамукелашвили испиша историја во НБА лигата

Мамукелашвили испиша историја во НБА лигата

 

Њујорк, 20 март 2025 (МИА) – Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа синоќа Њујорк со 120-105 и ја забележаа третата победа во последните осум натпревари во НБА лигата.

Екипата до триумфот ја предводеше Сандро Мамукелашвили, кој постигна 34 поени, со седум постигнати „тројки“ од исто толку обиди, а додаде и девет скокови и три асистенции за 19 минути и 26 секунди минати на паркетот.

Грузискиот репрезентативец стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 34 поени за помалку од 20 минути. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан