• четврток, 26 март 2026

Малта ќе ја признае Државата Палестина

Малта ќе ја признае Државата Палестина

Валета, 22 септември 2025 (МИА) – Малта на денешната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, официјално ќе ја признае Државата Палестина, изјави малтешкиот премиер Роберт Абела.

Тој додаде дека признавањето на Палестина е историско и оти Валета останува посветена на постигнување мир во регионот.

Малта го следи примерот на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои вчера ја признаа Државата Палестина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан