• сабота, 18 мај 2024

Малолетници натепале момче и му го одзеле мобилниот телефон

Малолетници натепале момче и му го одзеле мобилниот телефон

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Малолетници натепале момче и му го одзеле мобилниот телефон. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 16:20 часот, Б.П., на возраст од 48 години, од скопското село Кучевиште, пријавила дека околу 14 часот во населба Нерези, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои му го одзеле и мобилниот телефон, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан