• среда, 08 јануари 2025

Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало

Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало

Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Од Поликлиниката Драчево вчера во 10:07 часот во СВР Скопје пријавиле дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од скопското село Студеничани.

- Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан