Малолетен Сириец убиен во судир меѓу мигранти во Бихаќ
- Малолетник од Сирија е убиен синоќа во Бихаќ во судир меѓу мигранти, потврдија претставници на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон (УСК).
Бањалука, 7 септември 2024 (МИА) – Малолетник од Сирија е убиен синоќа во Бихаќ во судир меѓу мигранти, потврдија претставници на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон (УСК).
Полицијата денеска соопшти дека синоќа околу 18:30 часот во непосредна близина на мигрантскиот камп Бориќи се судриле мигранти и оти во тој судир едно лице се здобило со убодни рани.
Млад мигрант од Сирија починал во Кантоналната болница во Бихаќ, додека насилникот, исто така мигрант, е во бегство. Потрагата по него е во тек. јт/