• петок, 05 декември 2025

Малезија: Кина ќе го потпише договорот за зона без нуклеарно оружје во Југоисточна Азија штом документите бидат готови

Малезија: Кина ќе го потпише договорот за зона без нуклеарно оружје во Југоисточна Азија штом документите бидат готови

Пекинг, 10 јули 2025 (МИА) - Кина ќе го потпише договорот за Југоисточна Азија за забрана на нуклеарно оружје во регионот штом сите документи бидат готови, изјави малезискиот министер за надворешни работи Мохамад Хасан.

Договорот за зона без нуклеарно оружје во Југоисточна Азија (СЕАНВФЗ) е во сила од 1997 година, ограничувајќи ја употребата на нуклеарна енергија од страна на членовите за мирни цели, како што е производството на енергија.

Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН), има за цел светските нуклеарни сили, вклучувајќи ги Кина, САД, Велика Британија, Русија и Франција, да го потпишат договорот и да се обврзат да не користат или распоредуваат нуклеарно оружје во регионот, вклучително и во ексклузивните економски зони и континенталните гребени на земјите.

-Кина се обврза да обезбеди дека ќе го потпише договорот без резерви, изјави министерот за надворешни работи на Малезија на маргините од состанокот на колегите од Здружението на нации од Југоисточна Азија и земјите-партнери.

Немаше непосреден коментар од кинеското министерство за надворешни работи. Минатата недела, Пекинг цврсто го поддржува договорот и е подготвен да ја преземе водечката улога во неговото потпишување. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан