• петок, 05 декември 2025

Максим Димитриески најави нова градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата Авној

Максим Димитриески најави нова градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата Авној

Куманово, 26 октомври 2025 (МИА) - Изградба на нова градинка во населбата „Зелен Рид“ во Куманово со капацитет за 400 деца, најави кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат, Димитриевски истакна дека со новиот, голем капитален објект ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на оваа населба, но и пошироко. Ќе биде на  локација за која во минатото биле издвојувани големи износи на финансии како отштета за поранешните сопственици на земјиштето.

- Дојде време денес да се обезбедат средства со кои ќе се изгради нова детска градинка за повеќе од 400 деца. Исто така, целосно урбано ќе се среди целиот простор околу, со што дополнително ќе се придонесе за облагородување на изгледот на оваа населба, нагласи Димитриевски.

За оваа населба, Димитриевски најави изградба и довршување на сите краци од улицата „АВНОЈ“, како и целосно поставување на фекална канализација, со што дефинитивно ќе се надмине деценискиот проблем за жителите што живеат во тој дел на Куманово.

- За сите проекти се обезбедени средства од Владата и во следниот период општината ќе ги реализира целосно, порача Максим Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните да му  дадат поддршка и во вториот круг за, како што порача, Куманово да продолжи да расте и да се развива.ам/лв/

фото: принтскрин

 

Остани поврзан