• петок, 22 ноември 2024

Макрон: Иран да се воздржи од какви било провокации

Макрон: Иран да се воздржи од какви било провокации
Париз, 3 јануари 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Иран треба да се воздржи од какви било провокации. Макрон преку соопштение информира дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Ирак. Иран вети дека жестоко ќе се освети по убиството на Касем Сулејмани, командант на иранската елитна единица Кудс, што се случи утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. паг/  

Остани поврзан