• недела, 22 декември 2024

Макрон: Во Кина се случија работи за кои не знаеме

Макрон: Во Кина се случија работи за кои не знаеме
  Париз, 16 април 2020 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон за „Фајненшл тајмс“ изјави дека имало сиви области во управувањето со епидемијата на новиот  коронавирус од страна на Кина, јави дописникот на МИА. Тој истакна дека „очигледно има работи што се случиле, за кои не знаеме“. Претходно, шпефот на британската дипломатија Доминик Раб изјави дека Кина ќе мора да одговори на тешки прашања за тоа како се случила епидемијата со новиот коронавирус и дали истата можела да биде спречена. – Светот мора да дознае што се случи во Кина во првите денови на пандемијата, посочи Раб. тг/ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан