• среда, 20 ноември 2024

Макрон: Верувам во два суверенитети, за мир се потребни двајца

Макрон: Верувам во два суверенитети, за мир се потребни двајца
Париз, 30 јануари 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изрази сомнеж во врска со решението за создавање две држави меѓу Израелците и Палестинците, и изрази сомнеж дека мировниот план кој го објави САД ќе биде успешен. - Јас верувам во два суверенитети, одговори Макрон на прашањето од весникот „Фигаро“ дали верува во две држави. Макрон исто така рече дека нема да претстави сопствен план, но сугерираше дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се избори да успее. - За мир се потребни двајца, рече Макрон, додавајќи дека нема мир ако тоа го сака само едната страна. јт/

Остани поврзан