• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Макрон: Хамас не смее да учествува во управување со Појасот Газа

Макрон: Хамас не смее да учествува во управување со Појасот Газа

Каиро, 7 април 2025 (МИА) – Палестинското исламистичко движење Хамас не смее да учествува во управувањето со Појасот Газа и не смее повеќе да претставува закана по Израел, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон во Каиро.

Тој наведе и дека е против каква било анексија на Појасот Газа или Западен Брег.

Макрон заедно со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси ја повторија целосната поддршка на планот за реконструкција на Појасот Газа, поддржан од Арапската лига.

- Ја поздравувам клучната работа на Египет во оваа област, кој нуди реален пат кон реконструкција на Газа и кој исто така мора да го отвори патот за нова палестинска администрација во енклавата, која ќе ја води палестинската управа, посочи Макрон.

Претседателот на Франција наведе и дека е „цврсто против раселување на населението“.

- Тоа би било кршење на меѓународното право, сериозна закана за безбедноста на целиот регион, вклучително и Израел, посочи Макрон. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан