Макрон: Турција игра опасна игра во Либија
- Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја обвини Турција дека игра „опасна игра" во Либија, каде Анкара јавно ја поддржува Владата на националниот договор, која е поддржана од ОН, а

Париз, 22 јуни 2020 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја обвини Турција дека игра „опасна игра" во Либија, каде Анкара јавно ја поддржува Владата на националниот договор, која е поддржана од ОН, а е во конфликт со бунтовничките сили на генералот Калифа Хафтар, јавија француските медиуми.
-Денеска верувам дека Турција игра опасна игра во Либија и ги прекршува сите обврски што таа ги презеде на Берлинската конференција претходно годинава за постигнување на мирот во оваа земја, рече Макрон, откако се сретна со тунискиот претседател Каис Сајед. сд/