• среда, 25 декември 2024

Макрон: Систематското одложување на решението за две држави треба да заврши

Макрон: Систематското одложување на решението за две држави треба да заврши

Париз, 29 мај 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се стави крај на „систематското одложување“ на спроведувањето на решението за две држави и на формирањето палестинска држава.

- Макрон ја потврди посветеноста на Франција да работи, со своите европски и арапски партнери, на заедничка визија за мир која нуди безбедносни гаранции за Палестинците и Израелците, се вели во соопштението од француската претседателска палата објавено по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател и неговиот палестински колега Махмуд Абас.

„Овој процес би требало да ја вклучува перспектива за признавање на палестинската држава со практична структура“, додаде Елисејската палата.

Разговорот меѓу францускиот и палестинскиот претседател дојде откако Норвешка, Шпанија и Ирска вчера официјално ја признаа државата Палестина.

Вчера и Макрон се изјасни во корист на француското признавање на палестинската држава, но додаде дека тоа треба да се случи во вистинско време. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан