• недела, 22 декември 2024

Макрон пред ОН: Инвазијата врз Украина е враќање во времето на империјализмот

Макрон пред ОН: Инвазијата врз Украина е враќање во времето на империјализмот
Њујорк, 20 септември 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска од говорницата на Генералното собрание на ОН ја обвини Русија за „враќање кон империјализмот“ поради нејзината инвазија на Украина. - Она на што сме сведоци од 24 февруари е враќање во ерата на империјализмот и на колониите. Франција тоа го отфрла и упорно ќе бара мир, рече Макрон во говорот на генералната дебата на заседанието на Генералното собрание на ОН. - Кој е хегемонист денес, ако не Русија, додаде Макрон, оценувајќи дека оние кои молчат за инвазијата се соучесници во овој нов империјализам што, како што рече „претставува модерен цинизам што го загрозува меѓународниот поредок, без кој мирот не е возможен“. Претходно Макрон пред новинарите во Њујорк ја нарече пародија најавата за одржување референдум во четири украински региони за присоединување кон Русија. аб/сп/

Остани поврзан