Макрон организира уште едни мултилатерални разговори за Украина
- Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одржа неформална видео конференција со 19 европски земји и Канада за да ја зајакне координацијата за Украина, соопшти Елисејската палата.

Париз, 19 февруари 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одржа неформална видео конференција со 19 европски земји и Канада за да ја зајакне координацијата за Украина, соопшти Елисејската палата.
Новата рунда разговори следи по кризниот самит одржан во понеделникот во Париз, кој не даде конкретни резултати. Состанокот на водечките европски држави кои го поддржуваат Киев заврши со поделени мислења за потенцијални мировни сили на терен во Украина.
Германија не учествува во денешната рунда преговори, јави ДПА.
Дискусиите доаѓаат во време кога Европа се соочува со критично прашање: како да одговори на драматичната промена на САД во нејзината политика за Украина.
Вашингтон се обидува да ги турка украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин кон преговори, истовремено пренесувајќи ја на Европа одговорноста за обезбедување мировен договор.
Почнувајќи од следниот понеделник, Украина ќе се брани од руската инвазија веќе три години со помош на западната воена помош. јт/
Фото: ЕПА архива