• недела, 19 мај 2024

Макрон: Нападот во Арас е резултат на варварскиот исламистички тероризам

Макрон: Нападот во Арас е резултат на варварскиот исламистички тероризам

Арас, 13 октомври 2023 (МИА) - Нападот во средното училиште во Арас, на северот на Франција, е резултат на „варварскиот исламистички тероризам“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. 

Според него, полицијата помогнала да се спречи уште еден обид за напад во друг дел на Франција, пренесоа британските медиуми. 

-Наставникот кој беше убиен дојде да ги заштити другите и несомнено спаси многу животи, рече Макрон. 

Француското обвинителство за борба против тероризмот ќе отвори истрага за денешниот напад со нож во гимназијата во градот Арас, во кој загина едно лице, а неколку други беа повредени. 

Во меѓувреме, медиумите објавија дека напаѓачот пред инцидентот извикал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа. 

Според полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и е во полициската евиденција. 

Осомничениот и неговиот брат се уапсени, пренесува БФМ, додавајќи дека напаѓачот е на околу 20 години и е поранешен средношколец. 

Покрај Макрон, на местото на нападот излегоа и министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен, како и министерот за образование Габриел Атал, јавува телевизиската станица БФМ. 

Сите училишта во Арас се затворени по денешниот напад. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан