• петок, 27 декември 2024

Макрон и Шолц ќе разговараат со Си за руско-украинската криза

Макрон и Шолц ќе разговараат со Си за руско-украинската криза
Париз, 8 март 2022 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се очекува да имаат заеднички разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг. Разговорот сигнализира зголемен притисок од страна на европските лидери врз Кина во врска со руско-украинскиот конфликт, коментира Би-Би-Си. Специјалниот пратеник за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел вчера разговараше со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по втор пат од почетокот на руската инвазија врз Украина. Според соопштение после разговорот, Борел побарал од Ванг „подготвеност на Кина да го поддржи прекинот на непријателствата и дијалогот“ и поддршка за воспоставување хуманитарни коридори за безбедно евакуирање на цивилите. Кина изрази „жалење“ за нападот, но не и се спротивстави на Москва отворено, во согласност со принципите на нејзината надворешна политика. јт/

Остани поврзан