• понеделник, 23 декември 2024

Макрон и Зеленски телефонски разговарале за ситуацијата во Запорожје

Макрон и Зеленски телефонски разговарале за ситуацијата во Запорожје
Париз, 10 септември 2022 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски оцени дека ситуацијата во нуклеарната централа во Запорожје се уште е „многу загрижувачка“, соопшти Елисејската палата. Претседателите разговараа за ситуацијата во Запорожје „која сè уште е многу загрижувачка и ја поддржаа работата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, соопшти француското претседателство. Макрон бил заинтересиран за развојот на ситуацијата на теренот и за потребите на Украина на кои Франција може да одговори. Американските власти неодамна најавија нова воена помош од 2,8 милијарди долари за Киев и земјите од регионот. јт/

Остани поврзан