• понеделник, 23 декември 2024

Макрон ги предупреди Французите дека е „крај на изобилство“

Макрон ги предупреди Французите дека е „крај на изобилство“
Париз, 24 август 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги предупреди Французите за „големата промена“ што ќе донесе „крај на изобилство“ и „безгрижноста“. - Можеби изгледа дека моментот во кој живееме е структуриран од низа сериозни кризи … и можеби некои ја гледаат нашата судбина како постојано управување со кризи или итни ситуации. Што се однесува до мене, верувам дека она низ кое минуваме е повеќе голема промена или голем пресврт, истакна Макрон на владината седница. Тој додаде Французите поради сето тоа можат да бидат вознемирени, затоа од министрите побара „да ги именуваат работите многу јасно“. - Очекувам Владата да го почитува дадениот збор и обврските што ги презедовме кон нацијата, истакна Макрон и ги повика своите министри да не подлегнуваат на демагогија и да бидат сериозни и кредибилни. ми/

Остани поврзан