Макпетрол со 13 медали најуспешен на државното карате првенство за сениори
- Со вкупно освоени 13 медали Макпетрол е најуспешниот клуб на државното првенство во карате за сениори во борби и кати што викендов се одржа во Скопје.

Скопје, 2 април 2024 (МИА) – Со вкупно освоени 13 медали Макпетрол е најуспешниот клуб на државното првенство во карате за сениори во борби и кати што викендов се одржа во Скопје.
Каратистите на Макпетрол освоија шест златни, четири сребрени и три бронзени медали, со што не дозволија промена на врвот во генералниот пласман на првенството и повторно се најуспешен клуб.
Со златни одличја се закитија: Симона Заборска, Ангела Мојсовска, Петар Заборски, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, како и екипно борби во машка конкуренција.
Сребрени медали освоија женскиот тим во борби, Давид Петков, Викторија Јовановска и Витомир Трајковски. Со по една бронза првенството го завршија Јована Мицовска, Данило Божовиќ и Димитар Лозановски.
На второто место според постигнатиот успех и освоените медали е Олмпик спорт 2007 со шест освоени медали, додека трет е клубот Фунакоши Гичин исто така со шест медали. зс/