„Макпетрол“: Намалени цените на природниот гас и на метанот за мај
- Цената на природниот гас за мај во однос на цената за април ќе се намали за 0,85 проценти за мегават час, согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт.
Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Цената на природниот гас за мај во однос на цената за април ќе се намали за 0,85 проценти за мегават час, согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт.
Како што соопшти денеска „Макпетрол“ АД Скопје, малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на оваа компанија се намалува за 2,9 проценти односно, за два денари за килограм (1,42 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 69 денари за килограм. Новата цена на метанот ќе биде 67 денари за килограм или 47.44 денари за литар. лв/ац/
фото МИА архива