• понеделник, 08 декември 2025

Макпетрол е најтрофеен карате-клуб на Балканските шампионати

Макпетрол е најтрофеен карате-клуб на Балканските шампионати

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) – Македонскиот карате-клуб Макпетрол е најтрофеен на Балканските првенства во првата четвртина на 21 век. Балканската карате федерација е составена од 13 држави и на првенствата што таа ги организира имаат право да учествуваат само првите четири спортисти во тежинска категорија од секоја земја. Во периодот 199-2025 година Макпетрол има освоено вкупно 209 медали, од кои 41 златна, 64 сребрени и 104 бронзени.

Во овие одличја се вклучени и златото и среброто освоени од Данило Божовиќ на неодамна одржаното Балканското првенство во Риека, Хрватска.

- Голем број од медалите на Макпетрол се во највозрасните категории на сениори и на постари јуниори од 18-21 година (У21). И покрај огромната конкуренција, претставниците на скопскиот клуб имаат освоено вкупно 86 медали. Возрасните групи на јуниори и на кадети, пак, освоиле вкупно 117 (сто и седумнаесет) медали. Сето ова уште еднаш потврдува дека карате клубот Макпетрол е историски најуспешниот спортски колектив кој константно придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија, соопшти КК Макпетрол. 

Во сениорските категории во машка и во женска конкуренција, членовите на Макпетрол имаат освоено вкупно 37 одличја, од кои четири златни, 14 сребрени и 19 бронзени. зс/

Фото: КК Макпетрол

Остани поврзан