Македонците од Крчишта, Албанија, го одбележа патронот на црквата „Свети Спас"
- Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, денеска традиционално го одбележaa христијанскиот православен празник Вознесение Христово - Спасовден, патрон на селската црква.
Дебар, 5 јуни 2022 (МИА) - Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, денеска традиционално го одбележaa христијанскиот православен празник Вознесение Христово - Спасовден, патрон на селската црква.
Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци иселени од ова село, како и нивни потомци, одбележувањето кое се одржа во црквата „Свeти Спас” беше денеска.
- На одбележувањето во црквата „Свети Спас“ се одржа и богослужба на македонски јазик каде присуствуваа Македонци од Ербеле и Крчишта и Македонци со потекло од овие села а кои се исселени во различни градови на Албанија и Македонија. Богослужба на македонски јазик одржа свештеникот Ристо Камбуроски од Кичево, но по потекло од Крчишта, објави весникот Македониум.
Црквата е изградена во 1232 година и е споменик на културата. За време на режимот на Енвер Хоџа била претворена во магацин.
На 13 јуни 2009 година црквата „Свети Спас”, е преосветена а одредени неопходни градежни активности се реализирани со помош на Македонците од Крчишта посебно на Левко Радевски, по потекло од Крчишта а живееше во Дебар, како и фамилијата Дуковски.
Крчишта и Ербеле се македонски села кои се наоѓаат во областа Поле, оддалечени 10 километри од Дебар.
- Со поделбата на Македонија, во 1913 овие села припаѓаат на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС) а од 1925 заедно со областа Голо Брдо потпаѓаат под Албанија, додека за возврат Кралството на Србите, Хрватите и Словенците го добива манастирот „Свети Наум“. Денеска во овие села се останати неколку македонски семејства, додека останатите Македонци под различни притисоци се преселени во други места и им е узурпиран имотот. Овој притисок го чувствуваат и преостанатите македонски фамилии останати во овие села, се наведува во весникот. вт/бт/