• четврток, 21 ноември 2024

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика викендов на „Преспаленд"

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика викендов на „Преспаленд

Скопје, 31 јули 2021 (МИА) - Во рамки на годинашното издание на мултимедијалниот фестивал „Преспаленд", викендов ќе се одржи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.

Во сабота, како што информираат организаторите на фестивалот, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов" на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган" на Вардан Тозија во 22:00 часот.

На 2 август, Илинден, пак, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе одржи еден од најдобрите македонски етно состави- Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристка.

Влезот за сите посетители е бесплатен. фф/ац/

Остани поврзан