• понеделник, 23 декември 2024

Македонски филмови во фокусот на најпрестижниот фестивал на Балтикот

Македонски филмови во фокусот на најпрестижниот фестивал на Балтикот

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Од 3 до 16 ноември во Талин се одржа  меѓународниот филмски фестивал „Tallinn Black Nights Film Festival”, на кој беше претставена македонската кинематографија со филмови од македонската продукција и тоа како мнозински или како малцински ко-продуценти.

-Земји во фокус на фестивалот се Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде се појавуваат 13 филмови, а Македонија како земја учествува со продуцентските и ко-продуцентските проекти „Домаќинство за почетници”, “Чувари на формулата” „Живи и здрави“ и „Набљудување“, меѓу кои Оскар оваа година доби нашиот кандидат со “Домаќинство за почетници” во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција на 13. ноември имаше своја проекција во Талин, во рамките на програмата Screen International Critics Choice, соопштуваат од Агенцијата за филм.

Посочуваат дека „Домаќинство за почетници” беше селектиран на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби наградата „Queer Lion“ и, е номиниран за Европските филмски награди. Копродуцентските куќи се јавуваат од Австралија, Србија, Хрватска, Косово и Полска, а на 16. и на 19. ноември се закажани уште две кино проекции. Во официјалната селекција на фестивалот е и филмот “Живи и здрави” од Црна Гора на Иван Мариновиќ, чиј прием за време на вчерашната проекција наиде на огромен интерес и сите наредни кино претстави се распродадени, а  како македонски ко-продуцент се јавува Дејан Крајчевски од Круг Продукција.

Македонскиот филм „Мравки” во режија на Марјан Гаврилоски и во продукција на Тајм Лапс Продукција е дел од индустрискиот маркет во Талин. а  на 16. ноември на панел дискусијата ќе присуствуваат претставници на филмските центри од регионот и авторите на филмовите кои се дел од Фокусот, по што следи и дегустација на традиционални и автентични вкусови од Балканот. 

Македонија се јавува и како ко-продуцент на словенечкиот „Observing“ кој е вон конкуренција, а ќе се прикажува во рамките на програмата Critics Peeks. Позади „Observing“ стојат режисерот Јанез Бургер, а како ко-продуцент се јавува Кавал Филм од Северна Македонија.

Самиот фестивал го отвори српскиот трилер филм на Драган Бјелогрлиќ “Чувари на формулата”, каде како македонски ко-продуцент се јавува Скопје Филм Студио, чија тема веќе ја разбранува јавноста и го нарекуваат “Српскиот Опенхајмер”. љм/са/

Фото: Агенција за филм 

Остани поврзан